И ВО НЕРЕЗИ СЕ ГРАДИ ЏАМИЈА БЕЗ ДОЗВОЛА? Левица бара одговори од Општина Карпош

Изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес, се вели во соопштението на партијата Левица.

757

По утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во нивната населба се гради верски објект без дозвола, информираше Левица преку соопштение.

По пристигнатите информации, посочуваат од партијата, станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.






„Нашите советници поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба. Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес“, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани содржини