ДИКАПРИО УЖИВА СО КОКТЕЛИ НА СУПЕРЈАХТА На социјалните мрежи го нарекуваат измамник! (ФОТО)
Овој излет не би бил толку забележан доколку Дикаприо не беше еден од најгласните заговорници за заштита на животната средина.
Откако ја помина новогодишната ноќ во друштво на милијардерите Ернесто Бертарели, Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез, музичарот Дрејк и други познати лица, холивудскиот актер Леонардо Дикаприо бил фотографиран како ужива на луксузна јахта, вредна 110 милиони долари, во близина на карипскиот остров Сент Барт.
Со оглед дека холивудскиот актер често посетува атрактивни дестинации, а има и долга историја на патување со јахти, овој излет не би бил толку забележан доколку Дикаприо не беше еден од најгласните заговорници за заштита на животната средина.
Како амбасадор на ОН кој се залага за кревање на свеста за тоа како климатските промени и занемарувањето на животната средина влијаат на човештвото, актерот неодамна ги повика своите обожаватели да обрнат внимание на овој проблем, а со улогата во хитот на „Нетфликс“ – „Don’t Look Up“ дополнително го сврте вниманието на тоа.
И покрај својот став, 47-годишниот Дикаприо од 1 јануари плови на Карипското море на јахта вредна 110 милиони долари, за чие полнење резервоар со гориво е потребно само 250.000 фунти, а произведува огромна количина на јаглерод диоксид, отприлика колку еден просечен автомобил во годината, што и тоа како ја загадува околината.
Поради тоа, Дикаприо овие денови е на удар на критики, а на социјалните мрежи масовно се коментираат фотографиите на кои се гледа како тој, во друштво на пријателот, музичарот Лукас Хас, ужива во сонцето и коктелите на суперјахта во близина на Сент Барт.
„Никој не се грижи за околината повеќе од Холивуд. Тие имаат јахти, приватни авиони и скапи автомобили. Живеат развратно. Не ја заборавајте нивната љубов кон крвавите дијаманти. Среќни сме што тие ни се идоли“, гласи еден од коментарите.
„Гледаме како Леонардо Дикаприо одмора на јахта, по забавата со Џеф Безос за Нова година, надевајќи се дека може да ве убеди во својата измама за климатските промени. Кутриот Лео“, напишал еден корисник на Твитер.
На овој суперлуксузен одмор, на актерот друштво му прави неговата 22 години помлада девојка Камила Мороне.
Here is today’s latest Hollyweird movie star, Leonardo Di Caprio, resting up on a yacht, trying to relax from partying with Jeff Bezos on NYE, and hoping that he can hoodwink you into his climate change con. Poor Leo. pic.twitter.com/H797EDmp3n
— Ron Milner (@RonMilnerBoodle) January 5, 2022
ФОТО: Твитер