УАПСЕН СРПСКИОТ РАПЕР НУМЕРО Девојки го пријавиле за насилство и малтретирање

Сестрата на наводната жртва на раперот пред извесно време напиша тој долго време физички и психички ја малтретирал својата девојка Лидија.

716

Урош Радивојевиќ, попознат како раперот Нумеро, е уапсен денеска, дознава српски „Курир“.

Нему му е одредена мерка притвор, пишува српски „Курир“.






Да потсетиме, политичката активистка Нина Стојаковиќ на својот твитер-профил тврдеше дека нејзината сестра Лидија наводно трпела насилство од нејзиното поранешно момче, раперот Урош Радивојевиќ, попознат како раперот Нумеро, со кого раскинала пред месец и половина.

„Мојата сестра Лидија, која со години боледува од депресија, година и пол беше непрекинато тепана од момчето со кое живееше. Дознавме пред месец и половина кога собрала храброст да го остави и да се врати кај нашите родители откако се обидела да се самоубие. Таа утрово била во полициската станица во Милан Ракиќ каде ѝ рекле дека не можат ништо да направат, бидејќи нема извештај од лекар, иако имало неколку сведоци, меѓу кои и нејзиниот психотерапевт кој ја видел во модринки и на кој бил првиот на кого му признала сѐ.

„Откако ја доведе во таква состојба поради што заврши на психичко лекување поради кое беше хоспитализирана со недели, некои нови терапевти видоа каснувања, модринки, расцепени усни… зошто не повикаа полиција – не знам. Бесна сум и на соседите кои ноќе го слушале бруталното насилство во соседниот стан и не повикале полиција туку се жалеле на газдарицата на станот за бучавата?! Бесна сум на системот кој не пружа никаква заштита на жените кои се тепани од нивните сопрузи и дечковци. Дури и да пријавиле еден месец подоцна!“

По наредба на Првото основно јавно обвинителство, полицијата до оваа институција доставила детален извештај за пријава за насилство против раперот Нумер, пишувал тогаш српски „Блиц“.

Обвинителството спровело дополнителни проверки.

– Девојката врз која, при што постои сомнение дека раперот дека извршил насилство, ќе биде сослушана, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката – изјавиле за „Блиц“ пред неколку дена.

По пишувањето на Нина Стојаковиќ, се огласи извесна Ивона, која, како што тврди, била во врска со Радивојевиќ од декември 2018 до јануари 2020 година со прекини и која изјавила дека стои зад секој збор на Нина, бидејќи поминала низ истото.

Поврзани содржини