СКОПЈЕ НАЈЗАРАЗЕНО ОД КОВИД-19 Регистрирани нови 242 случаи и 6 починати

Од 242 новозаболени лица, од Скопје се 173, соопшти Министерството за здравство.

842

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на ковид-19, 6 починати и 247 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 242 новозаболени од Скопје се 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 1.






Од 6 починати, 2 се од Скопје (71 и 87 години) и по едно починато лице од Кавадарци (84), Охрид (72), Струга (74) и Ресен (80). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а на активни случаи изнесува 4.817.

 

Поврзани содржини