ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА ПАУЗА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ Две средби со Израел пред патувањето на Европско
Согласно протоколите за учество одредени од ЕХФ, сите репрезентативци се вакцинирани против ковид-19, а во текот на овие подготовки биле извршени и дополнителни тестирања на кои ракометарите биле негативни на вирусот.
Ракометните репрезентативци на Македонија ставија крај на краткиот новогодишен одмор и го започнаа вториот дел од подготовките во пресрет на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија, а првиот натпревар ќе го одигра против Словенија на 13 јануари, за потоа да се сретне со Црна Гора и групната фаза да ја затвори со фаворитот на ова првенство, Данска.
На 3. и 4. јануари се закжани две контролни средби со селекцијата на Израел и истите ќе бидат од затворен тип, а потоа селекцијата ќе замине за Дебрецин.
Согласно протоколите за учество одредени од ЕХФ, сите репрезентативци се вакцинирани против ковид-19, а во текот на овие подготовки биле извршени и дополнителни тестирања на кои ракометарите биле негативни на вирусот.
Репрезентативците ќе заминат за Дебрецин на 11 јануари, а дотогаш ќе бидат извршени уште три тестирања на 4. 7. и 10. јануари.