ЗАПЛЕНЕТИ 4.400 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ЛАБУНИШТА Мирна новогодишна ноќ за полицијата
Од министерството информираат дека за Нова година се приведени вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви.
Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план.
– Оваа новогодишна ноќ е една од најмирните, без нарушување на јавниот ред и мир, без кривични дела, без поголеми сообраќајни незгоди. Исто помина и на подрачјето на СВР Битола. Во Прилеп исто така помина како една од најмирните прослави на Новата Година, како што е на ниво на државата. Имаме едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје, имама една сообраќајна несреќа, која, за среќа, нема фатален исход, значи немаме сообраќајни нерсреќи со тешки телесни повреди. Им благодарам на сите граѓани кои празнуваа и прославуваа одговорно, така како што го упатувавме повикот, што придонесе сите заедно да направиме новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно, така како што сите посакуваме, така како што прилега на една демократска земја, изјави Спасовски.
Претходно од МВР известија за успешно спроведена акција во струшкото село Лабуништа.
„На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објавија од МВР.