ПОСКАПЕНО ПАРНО ЗНАЧИ НОВА КРИЗА СО СТРУЈАТА Тек тогаш ќе ја оптовариме мрежата

Ова го изјави во денешното гостување на ТВ Алсат првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој смета дека големото поскапување на парното не е решение.

1,354

Македонските граѓани со право ќе се исклучат од парно ако тоа поскапи три пати и ќе пробаат да се греат на струја што ќе доведе до сериозно оптоварување на електричната мрежа, што значи дефекти и нова криза за набавка на струја. Ова го изјави во денешното гостување на ТВ Алсат првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој смета дека големото поскапување на парното не е решение.

– Драстично зголемување на цената на парното не е решение. Во тој случај, со право, голем дел од скопјани би се исклучиле од парно и би се приклучиле на системот за електрична енергија. Тогаш би имале сериозни проблеми бидејќи дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на електрична енергија – рече Бислимовски.

Поврзани содржини