ЗАЕВ И ОСМАНИ СЕКОЈ МЕСЕЦ ВИКААТ ДЕКА ЌЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ Поминаа четири години од нивното славеничко селфи во владиниот авион
Османи во интервјуто за ТВ Нова од Бугарија, порача дека се постои решение за горливите прашања во спорот и дека веќе во јануари може да потпише договорот, по што треба да се очекува и датумот за започнувањето на преговорите со Европската Унија.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на последната изјава на Бујар Османи дадена за бугарските медиуми, во која тој нагласува дека спорот меѓу двете држави може да се реши уште наредниот месец.
– Бујар Османи и Зоран Заев секој месец измислуваат нов изговор зошто не сме добиле датум, и зошто наредниот месец сигурно ќе добиеме. Освен тоа што е трагично, станува и смешно. Владата и Бујар Османи секој месец велат дека државава ќе добие датум за преговори наредниот месец. И така 4 години, откако Бујар Османи и Зоран Заев се сликаа во владиниот авион со веста дека сме добиле датум – порачаа од партијата.