ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ПРЕДИЗВИКА МИОКАРДИТИС КАЈ ДЕЦАТА? Во САД се регистрирани 8 случаи

Американската агенција не открива дали има врска меѓу случаите на миокардитис и вакцините. Исто така, не е познато колкава е стапката на миокардитис во оваа група кај вакцинирани или невакцинирани деца.

962

Американскиот ЦДЦ соопшти дека добил информации за 8 случаи на миокардитис кај деца на возраст од 5 до 11 години, кои примиле вакцина против коронавирусот на Фајзер/БиоНТек, пренесуваат британските медиуми.

ЦДЦ претходно соопшти дека стапката на миокардитис кај момчињата на возраст од 16 до 17 години може да биде над 69 случаи на милион администрирани дози и околу 40 случаи на милион дози кај момчиња на возраст од 12 до 15 години.






Оттаму не откриваат дали има врска меѓу случаите на миокардитис и вакцините. Исто така, не е познато колкава е стапката на миокардитис во оваа група кај вакцинирани или невакцинирани деца.

Агенцијата соопшти дека во моментот кога ги прегледала податоците имало над 7 милиони дози од вакцината во возрасната група од 5 до 11 години, со дадени 5,1 милиони прва доза и два милиона втора доза.

Регистрираните случаи имале блага клиничка слика, соопшти ЦДЦ и додаде дека истите веднаш беа пријавени во Американскиот систем за известување за несакани ефекти од вакцините

Поврзани содржини