ОМИКРОН СОЈОТ ГАЛОПИРА КОН МАКЕДОНИЈА Потврдени се првите 5 случаи во Црна Гора

Првото сомневање за појавата на сојот омикрон во Црна Гора се појави на почетокот на декември во семејство чиј член допатува од Јужноафриканската Република.

1,448

Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата.

Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена состојба и имаат само благи симптоми.






– Епидемиолошките служби следат и вршат идентификација на високоризични контакти на заразени лица – велат црногорските епидемиолози.

Првото сомневање за појавата на сојот омикрон во Црна Гора се појави на почетокот на декември во семејство чиј член допатува од Јужноафриканската Република.

Бројот на заразени лица во Црна Гора опаѓа во последните недели, но сè уште се на сила епидемиолошките мерки што  бараат задолжително носење заштитни маски во затворени простории. За влез во угостителските објекти, теретаните и игротеките се потребни ковид потврди.

Црногорските здравствени власти, исто така, ги забранија новогодишните прослави на плоштадите за да спречат натамошно ширење на коронавирусот.

Поврзани содржини