ПРЕДЛАГАМ ОНЛАЈН-НАСТАВА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕД НОВА ГОДИНА Времето е студено, училниците не можат да се проветруваат
Јас би презел мерки, а еве сега на две недели од католички Божик, сметам дека е потребно децата да одат на онлајн-настава и на тој начин да се редуцира јавниот превоз, објаснува д-р Никола Пановски за Алфа.
Две недели принуден распуст, односно две недели онлајн-настава за учениците пред Нова Година, предлага микробиологот д-р Никола Пановски.
Тој во изјава за Алфа вели дека потребно е учениците да си останат дома со цел да се превенира евентуално влошување на епидемиолошката состојба и ширење на новата омикрон мутација.
– Јас би презел мерки, а еве сега на две недели од католички Божик, сметам дека е потребно децата да одат на онлајн-настава и на тој начин да се редуцира јавниот превоз. Тогаш нема да размислуваме дали децата треба или не треба да носат заштитни маски на лицата. Неважно е дали ќе носат маски во следните две недели кога веќе носеа цело лето, но важно е дали ќе носат и напролет. Затоа, сметам дека треба да им се продолжи распустот на учениците, додека ние го чекаме новиот омикрон сој – објаснува д-р Пановски.
Исто така, додава тој, дополнителен проблем создава тоа што времето заладува и не може да се проветруваат училниците.