🎥 ПОРАДИ НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ФРАНЦИЈА ЗАТВОРИ ПОВЕЌЕ ОД 400 СРЕДНИ УЧИЛИШТА Уапсени 1.949 демонстранти, повредени 305 полицајци

Протестите на средношколците се проширија и на универзитетите, а во повеќе градови се забележани судири и материјална штета на училишните објекти. За денеска е воведена забрана за собирање околу училиштата.

1

Повеќе од 400 средни училишта во Франција денеска ќе бидат затворени поради продолжувањето на протестите и блокадите на училиштата, соопшти министерот за образование Едуар Жефре.

Тој синоќа наведе дека во одделни училишта наставата ќе биде организирана на далечина, пренесува телевизијата БФМ.






Протестите на средношколците, кои бараат поголеми издвојувања за образованието, вчера се проширија и на универзитетите, а во повеќе градови се забележани судири и материјална штета на училишните објекти.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера низ земјата се уапсени 1.949 лица во врска со блокадите на училиштата, додека повеќе од 1.000 образовни установи биле опфатени со протестите, вклучувајќи 222 блокирани училишта. Повредени се 305 полицајци и припадници на жандармеријата.

Владата соопшти дека ситуацијата во одделни места прераснала во урбано насилство, додека за денеска се воведени забрани за собири во близина на училиштата кои ќе бидат затворени.

Поврзани содржини