КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му одреди мерки за претпазливост

31-годишникот ја нападнал девојката прво во автомобилот, а потоа и откако го запрел возилото. Таткото на повредената, пак, бил приведен по пријава дека упатувал закани кон осомничениот и неговото семејство.

0

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот охриѓанец К.К., кој е осомничен дека брутално ја претепал својата 26-годишна девојка, која по нападот изгубила свест и завршила во болница со тешки телесни повреди. Против него е поднесена пријава за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Расправијата започнала во домот на пријавениот, а продолжила во неговиот автомобил, каде што тој физички ја нападнал девојката. Откако го запрел возилото, продолжил да ја удира, при што таа изгубила свест и паднала.






Повредената жена најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.

Од СВР Охрид информираат дека осомничениот бил лишен од слобода во 05:05 часот, набргу по нападот, и бил задржан во полициска станица. По барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд во Охрид му одредил мерки на претпазливост.

Случајот добил и дополнителен развој истиот ден. Мајката на 31-годишниот пријавен, Љ.К. (51), во полиција пријавила дека таткото на девојката, Љ.Ѓ. (49), преку мобилен телефон му се заканувал на нејзиниот син и на целото семејство.

Полицијата соопшти дека таткото на девојката бил лишен од слобода во 13:20 часот во Охрид и задржан во полициска станица. Против него, како што информираат од СВР Охрид, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА САРА ОБВИНИ ДЕКА МОМЧЕТО САКАЛО ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД НЕЈЗИНОТО ТЕЛО Бара да се испитаат сите нејзини шокантни наводи

Поврзани содржини