ТЕНИСЕРКАТА ЌЕ СЕ ВОЗИ КАКО ПРИНЦЕЗА Мира Андреева доби уникатен мерцедес ама нема возачка

Внатрешноста содржи гравирано име на победничката и специјална плочка со натпис „WTA Finals 2026 Winner“, а Андреева доби и уникатно изработен клуч.

98

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева синоќа ја победи Украинката Елина Свитолина во финалето на ВТА финалето со 7:5 и 6:3 и ја освои својата прва титула на ВТА финалето. Мечот траеше 1 час и 49 минути.

По освојувањето на ВТА финалето во Индијан Велс, Андреева доби уникатен луксузен родстер Mercedes-AMG SL 55 4MATIC+. Возилото е специјално изработено за шампионката и се проценува на околу 170.000 евра. Автомобилот е обоен во препознатливата ултравиолетова боја на ВТА турнејата. Внатрешноста содржи гравирано име на победничката и специјална плочка со натпис „WTA Finals 2026 Winner“, а таа доби и уникатно изработен клуч.

Иако ги доби клучевите на сцената, 19-годишната тенисерка откри дека сè уште нема возачка дозвола и не може веднаш да го вози автомобилот. На церемонијата на доделување на пехарот од WTA, таа на шега изјави дека ова е одлична мотивација што побрзо да положи, а дотогаш петтемина членови од нејзиниот тим ќе ја возат додека таа ужива како „принцеза на совозачкото седиште“.






Покрај автомобилот и трофејот, Андреева за својот триумф освои и парична награда од 3,37 милиони долари.

Како финалистка на ВТА финалето во Индијан Велс, Елина Свитолина освои вкупно 1,5 милиони долари и 800 бодови за ВТА ранг-листата.

Во 2026 година, Андреева го освои Ролан Гарос, нејзина прва титула на Грен слем. Таа, исто така, освои турнири во Аделаида и во Линц. По овој триумф, Русинката ќе ја заврши сезоната 2026 на второто место на ранг-листата на ВТА.

Поврзани содржини