НОВИОТ ЛИДЕР НА СДСМ ЗА СВОЕТО ОБРАЗOВАНИЕ Ковачевски никогаш не рекол дека дипломирал на Харвард, туку дека таму стручно се усовршил

1,480

„За време на кампањата на внатрепартиските избори воопшто не зборував за моето образование и професионалните усовршувања. Денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое намерно се изнесуваат невистини, ме принудува да го споделам моето резиме, а со тоа и вистината за образованието и вештините кои ги имам стекнато во животот. Тие се транспарентно објавени на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Како што пишува, имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети – во Ротердам, Барселона и vo Минхен. Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал“, напиша новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на Фејсбук.

Претходно, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше и СДСМ.






Ковачевски своето резиме го објавува на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини