АХМЕТИ ИМА „ПЛАН Б“ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Лидерот на ДУИ веќе доставил иницијатива до Бугарија

Се работи за ист случај како во 2008 година во Букурешт кога беше посочено дека во моментот кога ќе се реши прашањето со името, земјава ќе стане дел од НАТО. Сега истиот план Б сакаме да го реализираме и со Република Бугарија, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

5,966

Али Ахмети има „план Б“ за отпочнувањето преговори со Европската Унија, а иницијативата е веќе доставена до Бугарија и до другите земји на Унијата, откри вечерва првиот вицепремиер Артан Груби во гостувањето во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.

– Станува збор за иницијатива, односно за идеја на еден член на мнозинството, а за ова сме разговарале со премиерот Зоран Заев и со други членови на владата, но и со меѓународни пријатели, со цел да се постигне слична формула како со нашето членство во НАТО. Се работи за ист случај како во 2008 година во Букурешт кога беше посочено дека во моментот кога ќе се реши прашањето со името, земјава ќе стане дел од НАТО. Сега истиот план Б сакаме да го реализираме и со Република Бугарија, односно сите земји-членки на Советот за општи работи на ЕУ да одлучат дека првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија ќе биде на ист датум, со услов да се реши билатералниот спор меѓу Скопје и Софија. Ако се реши спорот, автоматски ќе имаме прва меѓувладина средба со ЕУ – истакна Груби.

Поврзани содржини