ОБЛАЧНО И СТУДЕНО Температурата ќе достигне до 6 степени
Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во југозападните делови со сончеви периоди. Претпладне во источните делови, освен на повисоките планини снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.