ДВЕ ЛИЦА НА 47 ГОДИНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД Битката со корона ја загубија 15 пациенти, регистриран 361 нов случај
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.
Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје во Македонија е регистриран 361 нов случај на ковид-19, 15 лица ја загубиле битката, а како оздравени се водат 433 пациенти.
Од МЗ информираат дека се направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на ковид-19 од кои во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по еден случај.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по еден пациент.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица од кои четири починати лица од Скопје (61, 71, 71 и 83), три починати лица од Битола (70, 74, и 84) и едно починато лице од Куманово (47), сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.028 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–9, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-156, Биотек-220, Систина-77, лабораторија Лаор-114, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност–49, Генеа-13, Никоб лаб-365, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-49, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.188.
Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 95.753, активни 2.739, Куманово 12.979, активни 178, Тетово 11.361, активни 79, Прилеп 10.426, активни 348, Битола 8.913, активни 484, Гостивар 8.077, активни 21, Велес 7.374, активни 167, Кавадарци 7.142, активни 245, Штип 6.635, активни 97, Охрид 6.560, активни 209, Струмица 6.160, активни 105, Кичево 4.241, активни 45, Кочани 4.055, активни 111, Струга 3.913, активни 35, Гевгелија 2.828, активни 75, Неготино 2.586, активни 42, Свети Николе 2.128, активни 39, Крива Паланка 1.914, активни 65, Ресен 1.770, активни 60, Радовиш 1.765, активни 62, Берово 1.470, активни 54, Дебар 1.456, активни 0, Делчево 1.435, активни 99, Виница 1.162, активни 15, Пробиштип 1.128, активни 23, Валандово 962, активни 41, Кратово 779, активни 25, Богданци 648, активни 18, Демир Хисар 623, активни 49, Крушево 596, активни 32, Македонски Брод 510, активни 16, Демир Капија 426, активни 2, Македонска Каменица 421, активни 23, Пехчево 355, активни 9 и Дојран 172, активни 8.