ЗАСТРАШУВАЧКО СВЕДОЧЕЊЕ НА ЗАЈАЧИЦАТА НА „ПЛЕЈБОЈ“ Хефнер нѐ малтретираше и нѐ труеше со седативи (ВИДЕО)

746

Поранешната зајачица на „Плејбој“ Холи Медисон изјави дека Хју Хефнер не ѝ дозволувал да го промени изгледот, а ја навредувал откако ја скратила косата. Како што рекла, Хефнер наводно користел седатив за да ги принуди девојките да „бидат послушни“.

„Бев во безизлезна ситуација, не знаев што да правам“, рекла Медисон во трејлерот за документарниот серијал „Тајните на Плејбој“ кој со прикажување ќе започне на 24 јануари.






Таа била во вилата на Хју Хефнер од 2001 до 2008 година и тврди дека тој цело време психички ја малтретирал.

„Се скршив под притисокот што морав да изгледам идентично со другите девојки и затоа еден ден решив да ја скратам својата долга руса коса“, рекла таа.

Таа додала дека Хефнер полудел и почнал да ѝ вика  бидејќи „изгледа старо и евтино“.

„Ситуацијата од ден на ден стануваше сѐ полоша. Постојаните критики станаа неподносливи. Холи падна во депресија и се повлече во себе“, раскажала Бриџит Марквард, исто така поранешна зајачица.

Хефнер истакнуваше дека не дозволувал консумирање никаков ви седативи, но тоа било лага.

„Квалуд беше искористен за да им помогне на жените да се опуштат и да се согласат со неговите болни игри. Ни даваше половина апче бидејќи ќе се онесвестевме од поголема доза“, раскажала Сондра Теодор, поранешната девојка на Хју Хефнер.

 

Поврзани содржини