БОРИС ЏОНСОН И СЕДУМТЕ ДЕЧИЊА Британскиот премиер по седми пат стана татко

Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а едно дете од врската со Хелен Мекинтајер. Со сегашната сопруга има две деца.

253

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го објавија раѓањето на нивното второ дете. Двојката сега доби ќерка.

„Премиерот и г-ѓа Џонсон со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката се во многу добра состојба. Двојката сака да му се заблагодари на родилиштето за сета грижа и поддршка“, се наведува во соопштението.






Девојчето е седмо дете на премиерот, што тој го потврди дури во септември по многу гласини за тоа колку деца има.

Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а едно дете од врската со Хелен Мекинтајер. Со сегашната сопруга има две деца.

Поврзани содржини