ДА СЕ ИСКЛУЧАТ СЕМАФОРИ БЕЗ НАЈАВА Е КРАЈНО НЕСЕРИОЗНО Град Скопје и МВР почнаа „војна“ на Фејсбук

Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови, реагираше скопската градоначалничка Данела Арсовска.

2,122

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, реагираше на соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР) и уште еднаш побара одговори за вчерашното исклучување на семафорите од страна на сообраќајната полиција, а поради што се случи сообраќаен хаос во главниот град.

„Јасни се надлежностите на Градот и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност за регулирање на сообраќај, ниту, пак, има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. Денешниот ден е доказ дека граѓаните се жртва секогаш кога институциите, а во случајов МВР не си ја вршат својата работа. Град Скопје тоа нема да го дозволи и ќе бара одговори и одговорност“, соопшти вчера Град Скопје.






На Фејсбук се огласи и лично градоначалничката, која напиша дека исклучувањето на семафорите без најава е крајно несериозно.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос“, пишува Арсовска.

Претходно, МВР го возврати ударот со тоа што информираше дека службите на Арсовска го создале метежот во Скопје, а дека службите на полицијата го расчистувале метежот.

Поврзани содржини