КАЗНА ОД 600 ЕВРА ВО АВСТРИЈА АКО НЕ СЕ ПОЈАВИШ НА „БОЦКАЊЕ“? Предлог-законот е доставен, би важел од 1 февруари

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани постари од 14 години, а ослободени од обврската се трудниците и прележаните до 180 дена од првиот позитивен ПЦР тест. За оние кои имаат други болести и се спречени, ќе мора лекар да ја потврди нивната состојба за да бидат ослободени од „боцкањето“.

441

Задолжително „боцкање“ за сите граѓаните на Австрија од 1 февруари е предложено денеска од Министерството за здравство. Оние граѓани кои нема да дојдат на закажан термин кој ќе им стигне како смс-порака и ќе важи до 15 февруари ќе бидат парично казнети со 600 евра, а ќе следуваат и казни на секои три месеци од кои највисоката е 3.600 евра, јавува МИА.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани постари од 14 години, а ослободени од обврската се трудниците и прележаните до 180 дена од првиот позитивен ПЦР тест.






c

Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар.

Австриската Влада во моментов во соработка со социјалните партнери, струката, како и претставници на граѓанското општество подготвува закон кој наскоро треба да биде доставен до собранието за да се запази четиринеделниот рок за разгледување.

Поврзани содржини