КОЈ ГО ПРОБОДЕ СО НОЖ ВО СРЦЕ ПЕЈАЧОТ? Хорор во Нови Сад, полицијата привела 20 лица
По масовна тепачка во која бил тешко ранет пејачот С. М., новосадската полиција уапсила неколку лица инволвирани во овој конфликт.
Во масовната тепачка што избила биле употребени и ножеви, а С. М. се здобил со рана во близина на срцето, поради што е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Извор во случајот за српски „Курир“ вели дека пејачот таа вечер не настапувал во ресторанот, туку бил таму од приватни причини.
„С. беше како гостин во кафеаната со пријателите, кога изби масовна тепачка. Засега сѐ уште непознато лице му нанел убод со нож во пределот на срцето на младиот пејач“, рекол изворот, додавајќи дека во тепачката полесно е повреден и еден 29-годишен жител на Нови Сад. Причината за тепачката сè уште не е позната.
„Одеднаш почна сѐ, а во еден момент не се знаеше кој кого тепа. Настана општ хаос и метеж, па не е сигурно кој ја започнал кавгата, ниту која била причината. Се утврдува и дали С. М. е колатерална штета“, објаснува изворот.
По масовна тепачка во која бил тешко ранет пејачот С. М., новосадската полиција уапсила неколку лица инволвирани во овој конфликт.
„Наводно, во полициска станица се приведени дури 20 лица, а нивниот распит траел со часови. Но, обвинителството сѐ уште не го квалификувало делото, па сѐ уште нема кривична пријава. Полицијата работи на утврдување на сите околности “, изјавил изворот.
Локалот во кој се случи инцидентот завчера бил затворен и запечатен од полицијата, а според непроверени наводи таму се собираат навивачи.
„Еден од сопствениците на тој објект е Срѓан Плавшиќ, поранешен фудбалер на Црвена звезда, а сега на ФК Спарта од Прага. Тој не бил во локалот кога настанал хаосот, бидејќи воопшто не е во Србија“, рекол
Од УКЦ Војводина завчера соопштиле дека пациентот бил примен поради убодна рана на левата страна на градниот кош.
„По извршениот клинички преглед, лабораториски испитувања и радиолошката обработка, констатирана е повреда на срцето и белите дробови и итно е опериран. Во понатамошниот тек, по оперативниот третман, пациентот е хемодинамски нестабилен, во тешка општа состојба и сместен е на клиниката за интензивна терапија и реанимација поради понатамошен конзервативен третман“, соопштиле од ПР-службата на УЦК Војводина.
ФОТО: Инстаграм