Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба, реагираше утрово ВМРО-ДПМНЕ откако Владата вчера на седница донесе одлука да ги замрзне на нивото од 1 декември цените на основните прехранбени производи.
„Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата. Според неофицијални информации, АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО. Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија речиси 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи, се вели во соопштението на партијата“, се наведува во соопштението.
Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека со оваа влада нема изглед за излез од економската и енергетската криза.