МОЖЕ ЛИ АУКУС ДА ЈА КУТНЕ КИНА НА КОЛЕНА? Францускиот интерес е далеку од оној на сојузниците во НАТО

Прашањето e дали за кратко време Австралија ќе ги развие своите капацитети да одговорат на кризата во Тајванскиот теснец, која ионака ќе биде завршена до 2030 година. Во меѓувреме кинеската морнарица порасна за 138 отсто, а Тајван останува горко жариште и „кинеска црвена линија“.

1,549

Потопени ли се надежите за создавање на ефикасен пакт АУКУС, сојузништво меѓу САД, Британија и Австралија против брзорастечката Кина? Откако Канбера го одби „договорот на векот“ за 12 француски дизел-подморници и преку ноќ ги замени со договор за изградба на подморници на нуклеарен погон во соработка со американските и британските сојузници, се чини дека недовербата на релација Париз, Лондон и Вашингтон ја отвори „пандорина кутија“ во трката за вооружување на Пацификот, пишува Гардијан.

А на самиот почеток на таа трка, позициите на земјите не се усогласени. Не само што на Франција не ѝ е пријатно да ги заостри односите со Кина, кога цела ЕУ сака да воспостави трговски односи со оваа земја, туку проблем се и Индија, Индонезија и Нов Зеланд традиционалните американски партнери, кои се неутрални од истите економски причини.






– Ние сме во процес на преминување, и тоа насилно, од меѓународен поредок во меѓународен неред. Морето уште еднаш го привлече вниманието на јавноста – рече во октомври адмиралот Пјер Вандие, началник на штабот на француската морнарица во францускиот парламент.

Во центарот на проблемот, секако останува кревката Австралија. Кревка затоа што ниту некогаш поседувала нуклеарна технологија или индустриска логистика за ова, а причината зошто не ги зема дизелашите на Франција е дека нуклеарните имаат помалку одржување, смена на гориво и имаа поголем домет, барем 3.500 милји од пристаништето Ран во Перт.

Прашањето e дали за кратко време Австралија ќе ги развие своите капацитети да одговорат на кризата во Тајванскиот теснец, која ионака ќе биде завршена до 2030 година. Во меѓувреме кинеската морнарица порасна за 138 отсто, а Тајван останува горко жариште и „кинеска црвена линија“.

EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Европа нејќе да тргува со Австралија?

На крајот на краиштата, целата ЕУ, не само Париз, не беше импресионирана од АУКУС, и ги одложи разговорите за слободна трговија со Австралија. Габриеле Визентин, специјален претставник на ЕУ за Индопацификот, призна дека многумина го сметаа за намерно, а не за неспособност, тоа што АУКУС беше лансиран на денот кога ЕУ ја објави сопствената стратегија за Индопацификот.

Без оглед на времето, министрите за одбрана на ЕУ се движат со поголема брзина со нивните планови за посилна европска одбрана, вклучително и создавање на заеднички воени интервентни сили од 5.000 војници до 2025 година.

Никој не им верува на Бајден, Макрон и на Морисон

Тројцата претседатели од земјите на АУКУС, Бајден, Макрон и Скот Морисон имаат свои проблеми со обвинувања за корупција дома. Само за Морисон има четири истраги во моментов. Ова ги отежнува надежите дека тие ќе ги убедат своите граѓаните во значењето и зачувувањето на пактот.

Скандалот со подморниците му наштети на Морисон, но и на американскиот претседател. Со тоа што Бајден рече дека мислел дека Франција била информирана за губењето на договорот за подморницата. Кога францускиот амбасадор во Вашингтон, Филип Етејн го запрашаа дали навистина Бајден не знаел за зделката, тој незгодно застана и кажа дека е важно да гледаме во иднината.

ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Вака или онака, нема да има австралиски подморници до 2040 година

Една од тешкотиите за АУКУС е тоа што во голема мера сојузот е само концепт. За тоа говори и фактот дека австралиското незнаење и неискуство во нуклеарниот свет, ќе го пополни фаланга од поранешни американски поморски советници. Тие ќе одлучат каде и како ќе бидат изградени и поставени подморниците, а Скот Морисон има 18 месеци да најде кадар.

– Ниту една количина на волшебно размислување не може да го избегне фактот дека Австралија сега има јаз во капацитетот – рече Жан-Пјер Тебо, францускиот амбасадор во Австралија.

Без оглед на изборот, ниту една австралиска подморница на нуклеарен погон нема да работи во Јужното Кинеско Море до 2040 година, а дотогаш судбината на Тајван ќе биде запечатена. Првата француска подморница, напротив, требаше да биде готова до 2034 година, што значи дека австралиската класа Колинс ќе мора да се реновира или да се најде некое привремено решение.

Јапонија и Јужна Кореја нема да продаваат технологија во АУКУС?

Другата продажна точка на безбедносниот пакт АУКУС – интензивна соработка за сајбер, вештачка интелигенција и квантно пресметување – исто така е под лупа. Технолошки напредните сојузници како Јапонија и Јужна Кореја се збунети од нивното исклучување во овој дел. На пример, САД претходно го одбија барањето на Јужна Кореја да ја сподели својата технологија за нуклеарен погон.

Тоа не значи дека АУКУС, колку и да се тешки породилните болки, нема воена логика или политичка поддршка. За Австралија, соочена со кинеската трговска војна и заканите за Тајван, беше легитимно да одлучи дека нејзините стратешки потреби се менуваат.

Кинеската морнарица порасна за 138 отсто

Сведоци сме на будење на кинеската морнарица. Големината на кинеската морнарица се зголеми за 138 отсто помеѓу 2008 и 2030 година. Мојот претходник процени дека Кина лансирала еквивалент на нашата национална флота на секои четири години – рече францускиот адмиралот Пјер Вандие и продолжи:

– Едноставните патролни чамци на кинеската крајбрежна стража се всушност вистински фрегати од прва класа. Тие се чамци од 10.000 тони, нивната големина е поголема од онаа на нашите фрегати со иста големина вооружени со топови. Нивната мисија е да ги придружуваат рибарските флоти и дури се овластени да отвораат оган од измената на нејзиниот поморски закон.

Франција сака пријателство и со Кина и со АУКУС

Но, не секој во Европа, особено Франција е подготвена да биде толку флексибилна и великодушна додека ја преиспитува својата улога во Индопацификот.

Всушност, многу земји од југоисточна Азија тргуваат и со САД и со Кина, и колку што ја ценат слободата, тие претпочитаат да не избираат, туку да бидат некаде на средина вреднувајќи ги врските со двете суперсили. Тие не сакаат да бидат вовлечени во каква било трка во вооружување.

Јапонија се мисли, Индонезија е против АУКУС

Политичката елита во Сингапур, Јапонија и Филипините во голема мера го поддржува АУКУС, но Мичито Цуруока, вонреден професор на Универзитетот Кеио, истакнува дека Јапонија не е ентузијастичка за нуклеарните подморници.

Со население од 270 милиони луѓе расфрлани преку 17.500 острови, долга историја на колонијално потчинување и повеќекратни искуства на странска субверзија и мешање, Индонезија е земја која се гордее со својата неутралност.

Кина се надева на поддршка од Индија и неутралниот Нов Зеланд

И Индија нервозно гледа. Гурџит Синг, поранешен индиски амбасадор во Германија и АСЕАН, рече:

– Порастот на партнерствата во регионот, како што се АУКУС и Quad, кои не се насочени кон Сојузот на јужноазиски нации (АСЕАН), нè загрижува. АСЕАН го гледа објавувањето на пактот АУКУС како зголемување на геополитичките ризици во регионот, бидејќи пактот има за цел да се спротивстави на зголемената кинеска воинственост – заклучува тој.

Поврзани содржини