ВИДАЛ МУ ГИ ИСТЕГНА УШИТЕ НА СУДИЈАТА Чилеанецот ризикуваше да биде исклучен уште пред да биде вклучен (ВИДЕО)

За среќа, помошникот-судија ја прифати шегата и не го пријави „мобингот“ кај главниот судија, па Артуро Видал влезе на теренот и не доби никаква казна.

835

Чилеанскиот фудбалер во редовите на Интер, Артуро Видал, вчера направи уште едно шоу на натпреварот што неговиот клуб го играше на домашен терен против Специја.

Имено, додека помошниот судија порај гол-линијата го најавуваше неговото влегување во игра, Видал одлучи да му ги истегне ушите.






За среќа, помошникот-судија ја прифати шегата и не го пријави „мобингот“ кај главниот судија, па Артуро Видал влезе на теренот и не доби никаква казна.

Натпреварот заврши во корист на Интер (2:0), а головите ги постигнаа Алберто Гаљардини и Лаутаро Мартинез.

Сега екипата на Симоне Инзаги е повторно на третата позиција, но има само бод помалку од второпласираниот Милан и два бода помалку од првопласираниот Наполи.

Во продолжение погледнете го видеото:

Поврзани содржини