И ОСКАРОТ ОДИ КАЈ… Доктор Фанка Гилевска од „Систина офталмологија“ со престижна награда

Оваа награда се доделува како почит за извонредните доктори и фармацевти кои покрај редовната работа, спроведуваат и истражувања без кои нема иновации во медицината и фармацијата, ниту ефикасно справување со болестите.

1,046

Д-р Фанка Гилевска, специјалист офталмолог од Систина офталмологија е првиот македонски доктор во полето на офталмологијата кој ја добива оваа престижна награда.

Меѓународниот натпревар Медис за медицинско истражување е интернационален натпревар за извонредни истражувачки достигнувања во девет земји од Централна и Југоисточна Европа и опфаќа девет медицински области. Познат и како „Оскари за научници“, оваа награда се доделува како почит за извонредните доктори и фармацевти кои покрај редовната работа, спроведуваат и истражувања без кои нема иновации во медицината и фармацијата, ниту ефикасно справување со болестите.






Научното истражување на д-р Фанка Гилевска е резултат на дневната работа во „Систина офталмологија“ со пациенти при третманот на кератоконусот. Темата на истражувањето е „Дали може да се предвидат промените во видната острина и астигматизамот по крос-линкинг третман на кератоконус? (Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable?) кое беше објавено во Граефес Архива за клиничка и експериментална офталмологија (Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology). “

– Нашата очна болница „Систина офталмологија“ уште од самиот почеток инвестира во знаење и научноистражувачка работа. Преку програма за специјализација вложуваме во младите идни доктори кои се основа за развој во нашата болница. Научните истражувања се дел од редовната работа на докторите во болницата и гарантираат сигурност и успех во третманот на болеста на пациентите. Особено сме горди на ова постигнување на нашата докторка Фанка Гилевска и веруваме дека ќе биде инспирација за идните генерации доктори од нашата болница – изјави медицинскиот директор на болницата доктор Златко Арнаудовски.

– Клиничките студии се особено значајна алатка во медицината која се темели на докази. Тие ги евалуираат новите третмани, лекови, процедури, методи. Тие, исто така, прават и повторна евалуација на исходот од воспоставените процедури со цел да се модифицираат и да ги подобрат нивните резултати. Особено ми значи оваа награда бидејќи ми дава потврда за вложениот труд, но и поттик за понатаму. И не само за ова истражување, туку за сите истражувања кои следат. „Систина офталмологија“ е болница каде има многу можности и навистина сум среќна што сум дел од тимот – изјави доктор Фанка Гилевска.

Д-р Фанка Гилевска е специјалист офталмолог чија област од посебен интерес е дијагностика и третман на болести кај лица со дијабет, рефрактивна хирургија, дијагностика и третман на кератоконус. Во 2012 година  Гилевска ја доби наградата на Меѓународен конгрес со тема „Корелација помеѓу дијабетичен едем на макула и видна острина“ во Брач, додека во 2015 година ја доби наградата „Зерголен Чупак“ за најдобар млад офталмолог, со темата „ЛАСИК – први искуства“ во Загреб.

„Систина офталмологија“ е првата очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и во Штип. Повеќе од 11 години, дијагностички и хируршки ги третира сите проблеми со видот и очите. Денес, заедно со хрватскиот партнер „Свјетлост“, брои повеќе од 50 офталмолози, светска технологија и над 140.000 успешни интервенции, имајќи го секогаш пациентот во фокусот и повеќе од 400.000 задоволни пациенти.

Поврзани содржини