Во последните 24 часа, регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19 од направени 2.708 тестирања. Починале вкупно 18 лица, 14 во изминатото деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“.
Евидентирани се 505 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68, 84 и 84 години), по 2 починати лица од Куманово (66 и 70) и Битола (77 и 79) и по едно починато лице од Тетово (69), Велес (89), Кавадарци (79), Крива Паланка (76), Пехчево (93), Ресен (76) и Демир Хисар (82). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75 до 89 години, сите се починати во домашни услови.
Бројот на активни случаи изнесува 8.289.