ЧЕТВРТА ЖРТВА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Починатиот имал 76 години и се лекувал на Инфективна 27 дена

Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

0

Уште еден пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска кој бил во тешка здравствена состојба почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапила смрт.






Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

– Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме синоќа е хоспиталзииран и 24-годишен пациент, кој се води како суспектен случај и во текот на денешниот или утрешниот ден ќе знаеме дали ќе се потврди клиничката дијагноза. Тој живее во Центар – рече д-р Цана.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички или може да се третира амбулантски, тој рече дека невроинвазивната форма мора да се лекува болнички.

– Сите кои се хоспитализирани на клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје. Медицински напреднатата возраст е независен ризик фактор за лошиот исход на оваа болест. Според сите статистики и истражувања, досега е утврдено дека кога има тешка невроинвазивна форма на воспаление на мозокот и мозочната обвивка напредната возраст е независен ризик фактор кој може да доведе до лош исход – додаде д-р Цана.

Поврзани содржини