ТЕТОВЦИ СЕРИОЗНО ГО СФАТИЛЕ ОНА ЗА ФОРМУЛА 1! За шест часа 116 казни за брзо возење на територија наТетово

449

Во најновата акциска контрола за брзина со која се движат возилата денеска од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово откриени и санкционирани се вкупно 76 возачи, информираат од тетовската полиција. Покрај нив,  санкционирани се и 40 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената брзина во населено место.

– Возачите ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од нив пет возачи ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 36 возачи за повеќе од 50 километри на час повеќе од дозволеното – соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Од 40-те возачи казнети за пребрзо возење низ населено мест двајца возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се три други видови сообраќајни прекршоци.

Поврзани содржини