АВМУ ГО ПОДБРА ДИРЕКТОРОТ НА ГТЦ Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето и обидот да се отстранат новинарите

Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста, се вели во реакцијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

2,008

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.

„Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста“, се вели во реакцијата на АВМУ.






Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера реагираше дека директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, им забранил на новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со лабораторијата за копање криптовалути во подрумските простории на објектот.

Тој објави и видео на кое се гледа како групата дуќанџии влегува во расправија со обезбедувањето на ГТЦ.

Поврзани содржини