БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ МАКЕДОНИЈА ВО ДЕКЕМВРИ Шефот на бугарската дипломатија им објаснил на амбасадорите од ЕУ како стојат работите

угарија сè уште чека на конкретни чекори од соседот за исполнување на преземените ангажмани, вклучувајќи го и откажувањето од територијални и малцински претензии, прекин со јазикот на омразата кон Бугарија, како и промена на учебниците и гарантирањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест, изјави Светлан Стоев, министер за надворешни работи на Бугарија.

4,576

Сè уште нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство, а не гледаме напредок затоа што нема политичка волја за решавање на проблемот. Затоа, Бугарија не може да поддржи почеток на преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Ова го изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, на денешниот состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и со в.д шефот на претставништвото на Европската комисија во Софија, пренесе БГНЕС.






– Бугарија сè уште чека на конкретни чекори од соседот за исполнување на преземените ангажмани, вклучувајќи го и откажувањето од територијални и малцински претензии, прекин со јазикот на омразата кон Бугарија, како и промена на учебниците и гарантирањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест. Бугарија не гледа напредок, бидејќи не постои политичка волја да се решат овие прашања. Поради ваквата ситуација, Бугарија не може да ја поддржи Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ – изјавил Стоев.

Последниот самит на ЕУ за оваа година ќе се одржи во Брисел на 14 декември.

Поврзани содржини