ГЕНЕРАЛКА ВО ЦЕНТАРСКИТЕ УЧИЛИШТА Во сабота ќе светнат 8 школи
И градоначалникот Горан Герасимовски ќе учествува во чистењето, а повикани да се приклучат се ученици, наставници, родители, екологисти, невладини организации и сите добронамерни и заинтересирани граѓани.
Општина Центар во сабота од 10 часот организира голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. И градоначалникот Горан Герасимовски ќе учествува во чистењето, а повикани да се приклучат се ученици, наставници, родители, екологисти, невладини организации и сите добронамерни и заинтересирани граѓани.
– На сите ни е важно да живееме во еколошки здрава средина, затоа да бидеме пример и да покажеме дека чистата околина и здравата животна средина зависат само од нас. Затоа сакаме да направиме заедничка акција за чистење на дворовите во сите осум основни училишта и да обезбедиме почиста средина за учење на децата, а со тоа и да поттикнеме здрави навики кај учениците за одржување на чиста околина – изјави Герасимовски.
Според него, клучот за чиста општина во најголем дел не зависи од степенот на ангажираност на хигиеничарите, туку од свеста на граѓаните за чиста околина и фрлање ѓубре во кантите за отпадоци.