КАРАКАЧАНОВ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ДЕБАКЛОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА „Не отстапувајте од заштитата на бугарските интереси во Македонија“

„Ги повикувам бугарските политички партии кои се застапени во Народното собрание да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија“, напиша Каракачанов на Фејсбук откако ја поднесе оставката.

2,132

Лидерот на бугарската политичка партија ВМРО, Красимир Каракачанов, денеска си поднесе оставка откако на вчерашните парламентарни избори неговата партија освои само 1 отсто од гласовите, јавуваат медиумите во Бугарија.

Заедно со Каракачанов оставки поднесоа и потпретседателите на ВМРО, Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Милен Михов, како и градоначаникот на Сандански, Атанас Стојанов, кој беше уаспен и задржан 24 часа во полициска станица поради купување гласови за изборите.






„Ги повикувам бугарските политички партии кои се застапени во Народното собрание да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија“, напиша Каракачанов на Фејсбук откако ја поднесе оставката.

Поврзани содржини