ИСПИШАНА Е ИСТОРИЈА Габриела Илиевска од Поинаку е избрана за претседател на Советот на Битола

На конститутивната седница на новиот состав, битолчани за првпат добија претседател на Совет на Општина Битола кој доаѓа од граѓанска листа. Ова е голем ден за демократијата и за иднината на Битола, порача Габриела Илиевска од Поинаку.

5,334

Битола испишува историја, бидејќи битолчани за првпат добија претседател на Совет на Општина Битола кој доаѓа од граѓанска листа, соопшти Поинаку, наведувајќи дека Габриела Илиевска ќе го преземе претседавањето со општинскиот совет.

– На конститутивната седница на новиот состав, битолчани за првпат добија претседател на Совет на Општина Битола кој доаѓа од граѓанска листа. Ова е голем ден за демократијата и за иднината на Битола. Нè чека напорна и тешка работа, затоа отсега натаму помалку говори, повеќе работа на терен. Благодарност за поддршката. Во овој совет отсега ќе се работи за интересите на сите битолчани, нека ви е честита победата на овие избори – порача Габриела Илиевска преземајќи го претседавањето со општинскиот совет.






Илиевска денеска на предлог од советникот Иван Чулакоски од Поинаку, беше избрана со 18 гласа ЗА, поддршка доби од колегите советници од Поинаку, советниците од ВМРО ДПМНЕ и од Левица.

Поврзани содржини