ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП И КОВИД Дозволено е да се боцнете и за двете болести истовремено, вели Филипче
Во таа смисла, денеска се отворени 4.300 термини во 18 пунктови ширум државата. Со оваа динамика, очекувам дека за десетина дена ќе заврши целокупниот процес на вакцинација, изјави Филипче
Вакцинацијата за сезонски грип и за ковид, без разлика дали е прва, ревакцина или е трета доза може да биде и истовремено. Ако пак има временска разлика, нема никаква врска колку е временската дистанца, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцинирањето за сезонски грип, Филипче посочи, дека се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствени домови, нагласувајќи дека станува збор за различни пунктови за вакцинација од сезонски грип и за ковид вакцинација.
– Во таа смисла, денеска се отворени 4.300 термини во 18 пунктови ширум државата. Со оваа динамика, очекувам дека за десетина дена ќе заврши целокупниот процес на вакцинација – изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.
Утрово на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија се отвори нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во овој Центар, посочува министерот, има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени на тироидната жлезда, но и на други ендокринолошки жлезди.