МАКЕДОНЕЦОТ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ШПАНИЈА Барди во тимот на колото на Ла Лига

Барди беше двоен стрелец во ремито од 2-2, биејќи прецизно од белата точка во 37. и 90. минута.

329

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим на колото во шпанската Ла Лига, откако вчера го предводеше својот Леванте до бод на домашен терен против актуелниот шампион Атлетико Мадрид.

Барди беше двоен стрелец во ремито од 2-2, биејќи прецизно од белата точка во 37. и 90. минута.






За македонскиот репрезентативец ова беа првите голови во новата сезона во која поради повреда пропушти шест прволигашки натпревари.

По 11 одиграни кола, Леванте е претпоследен на табелата со шест нерешени и пет порази пред следниот натпревар в понеделник против Гранада на домашен терен.

Поврзани содржини