МАКЕДОНСКИ СТАРТАП НАГРАДЕН НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ЗЕЛЕНИ ИДЕИ Нашиот мирис од портокал наскоро ќе ги замени сите штетни освежувачи
„Победата на регионалниот натпревар за зелени идеи за нас значи дека ќе ја обезбедиме потребната опрема за започнување производство. Следните чекори на „О-Круг“ се фокусираат на засновање партнерства со луѓето и бизнисите, промоција на зеленото социјално претприемништво и обезбедување на работа за маргинилизираните млади“, вели македонската победничка на „Balkan Green Ideas“
На 28-ми октомври во Белград се одржа церемонијата за прогласување на победници од јубилејното 10-то издание на регионалниот натпревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“. Од страна на меѓународното жири беа доделени вкупно 5 награди. Во категоријата ембрионски идеи најдобро рангирана беше идејата на младиот тим „О-Круг“ од нашата земја (производство на ароматизери и есенцијални масла од отпадни кори од портокали), додека другите две награди беа доделени на „NewPen“ од Србија и „Вкусните богатства на Пермети“ од Албанија. Во категоријата на зелени бизниси награди беа доделени на „Палеовраха“ од Грција и „Ботанички проект“ од Косово. Добитниците од првата категорија освоија 5000 долари, додека зелените бизниси добија по 10 000 долари кои ќе им помогнат во имплементацијата на зелените идеи.
„Победата на регионалниот натпревар за зелени идеи за нас значи дека ќе ја обезбедиме потребната опрема за започнување производство. Следните чекори на „О-Круг“ се фокусираат на засновање партнерства со луѓето и бизнисите, промоција на зеленото социјално претприемништво и обезбедување на работа за маргинилизираните млади.
Се надеваме дека нашиот мирис од портокал наскоро ќе ги замени сите штетни освежувачи во домовите, канцелариите, хотелите, автомобилите…“, изјави македонската победничка Марија Бургиева.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.