МЕГАН ГО НОСЕШЕ ЧАСОВНИКОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА Хари ѝ го подарил на почетокот на врската (ФОТО)
Часовникот ѝ го подарил принцот Хари, наводно, на почетокот на нивната врска. Принцезата Дајана редовно го носеше златниот часовник „Cartier Tank Française“ по веридби во 1990-тите. Откако Дајана почина во 1997 година, часовникот му припаѓаше на принцот Вилијам, но се верува дека тој му го дал на Хари во или околу 2009 година.
Несудената кралица, а сега војвотка и жена на принцот Хари, Меган Маркл, на Јутјуб-каналот „Brightly Storytime“ читаше приказна за деца, под наслов „Клупа“, што самата таа ја напишала, јавува МИА. Сепак, најмногу внимание привлече еден дел од накитот што таа го имаше …
Меган беше облечена лежерно – со сина кошула и фармерки и со косата во опавче. Но, на левата рака носеше часовник „Картие“ кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дајана. Неговата цена е 23.000 долари (речиси 20.000 евра, или над 1,2 милиони македонски денари).
Тој часовник ѝ го подарил принцот Хари, наводно, на почетокот на нивната врска. Принцезата Дајана редовно го носеше златниот часовник „Cartier Tank Française“ по веридби во 1990-тите. Откако Дајана почина во 1997 година, часовникот му припаѓаше на принцот Вилијам, но се верува дека тој му го дал на Хари во или околу 2009 година, пишува Мирор.
Меѓу накитот Меган носеше и нараквица „Картие“ од 7.000 долари и тениска нараквица „Џенифер Мајер“ од 3.000 долари. Прстенот од дизајнерката Лорејн Шварц кој чини околу 62.000 долари покрај вереничкиот прстен.
Меган, инаку, учествуваше во иницијатива со цел да им се помогне на родителите да ја разбудат кај децата љубовта кон читањето книги.
Meghan’s left wrist/hand is iconic 👑💎
The way she pairs Diana’s gold Cartier tank watch, Cartier’s gold love bracelet and the final gold bracelet she wears with them (a small delicate piece)
Gold is her colour. I want to see her in more gold 🥰 https://t.co/FSx8Df6V25 pic.twitter.com/ww7tln15vy
— Violet (@avirosee) October 28, 2021
– Се надевам дека ви се допадна „Клупа“ (The Bench). Мило ми е што успеав да го споделам со вас и се надевам дека ќе успеете да најдете своја посебна клупа или столче, или мала тивка лулашка – место кое многу ќе ви значи и што ќе го споделите со некого што го сакате – рече таа на крајот.
Познато е дека војвотката е обожавателка на златниот часовник „Cartier Tank“, а во 2015 година излезе со сопствена двобојна верзија.
Во тоа време, таа за списанието „Hello“ изјави:
– Отсекогаш сум го посакувала часовникот „Cartier French Tank“. Кога дознав дека Suits биле земени за нашата трета сезона – која, во тоа време, се чувствуваше како таква пресвртница – целосно се расипав и ја купив двобојната верзија – рече Меган. – На задната страна имав изгравирано „На М.М. Од М.М. и планирам еден ден да ѝ го подарам на ќерка ми. Тоа е она што ги прави парчињата посебни, врската што ја имаш со нив.