НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ Сите тајни на вистинската домашна сланина
На полиците во продавниците може да се најде сланина со разни зачини и адитиви, но експертите нагласуваат дека во домашната сланина се става само и исклучиво кујнска сол.
Денес на пазарот има безброј видови сланина, но месарниците и стручњаците за овој вид омилен сувомеснат производ велат дека за добра сланина пред сè е важно да се има квалитетно месо, од свињи кои се природно хранети.
На полиците во продавниците може да се најде сланина со разни зачини и адитиви, но експертите нагласуваат дека во домашната сланина се става само и исклучиво кујнска сол.
Според начинот на подготовка, има разлика помеѓу чадена и солена сланина. Онаа солената е всушност малку посолено свежо месо кое се втрива и се натопува во маринада, а со варењето се продолжува рокот на траење и се отстрануваат сите бактерии.
Но, сланината која е најзастапена и најприфатена во нашите краишта е чаденото месо со богат вкус и арома, а процесот на нејзината подготовка се состои од долготрајна термичка обработка со чад.
На што треба да внимавате кога купувате сланина, прочитајте на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabay