РЕВОЛУЦИЈА ВО КОМУНАЛНАТА ХИГИЕНА Кондовски најавува вендинг машини,нови и подземни контејнери

Ќе се одреди и изгради и нова локација за одлагање на некомунален и неопасен отпад. Со тоа двојно ќе се зголеми постоечкиот капацитет за одлагање на овој тип на отпад.

233

Одржувањето на високо ниво на јавна комунална хигиена е една од основните обврски во општинското работење. Токму комуналната хигиена е показател за локалното ниво на култура, организираност и ажурност. Градот мора да биде чист!, порача кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

– Како идна локална самоуправа најавуваме поставување на 60 подземни контејнери на 15 реонски локации во централно градско јадро, во вредност од 15 милиони денари. Исто така, ќе бидат набавени 4 нови модерни возила за подигање на отпад, како и 1.200 нови контејнери од различен тип и големина, во вредност од околу 35.000 милиони денари – вели Кондовски.






Тој додава дека новина ќе биде воведувањето на Вендинг машини за селекција на отпад и постапување со истиот, а вредноста на овој проект ќе изнесува 10 милиони денари.

Ќе се одреди и изгради и нова локација за одлагање на некомунален и неопасен отпад. Со тоа двојно ќе се зголеми постоечкиот капацитет за одлагање на овој тип на отпад.

– Но, вложувањето во комуналната хигиена мора да оди рака под рака со јакнење на еколошката свест на граѓаните. За таа цел предвидуваме јавна кампања под мотото: „Да ја негуваме јавната хигиена како сопствениот дом“ – рече кандидатот на СДСМ.

Поврзани содржини