КАКО ЛОНДОН СЕ БОРИ СО ЗАГАДУВАЧИТЕ Ја прошири областа и ги зголеми таксите за возилата

Надоместокот ќе го плаќаат бензинците кои не го користат стандардот за гориво Еуро 4, задолжителен од 2005 година, и дизел моторите кои не го користат стандардот Еуро 6, воведен во септември 2015 година.

274

Лондон ја прошири областа на таксите за влез на постарите возила со повисоки емисии на гасови за да го подобри квалитетот на воздухот.

Влезот во центарот на градот за постари возила чини 12,50 фунти, а сега зоната со ултра ниска емисија ќе биде проширена до Тотенхем на север и Брикстон на југ.






Загадувањето во центарот на градот се намалува

Надоместокот ќе го плаќаат бензинците кои не го користат стандардот за гориво Еуро 4, задолжителен од 2005 година, и дизел моторите кои не го користат стандардот Еуро 6, воведен во септември 2015 година.

Лондон се обидува да го намали загадувањето во центарот и таксата за сообраќајниот метеж од 15 фунти, која возачите, со одредени исклучоци, ја плаќаат од седум наутро до десет навечер.

Земјите и градовите ширум светот се подготвуваат да спроведат слични планови.

Поврзани содржини