МИЛОШОСКИ НАЈАВИ ПОДДРШКА ЗА ДИМИТРИЕВСКИ Во Куманово се врши полициски притисок ВМРО-ДПМНЕ ќе му помогне на Максим
Во Куманово во вториот изборен круг актуелниот градоначалник Максим Димитриевски настапува како независен кандидат, а противкандидат е Оливер Илиевски, кандидaт од СДСМ.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на „360 степени“ најави поддршка за Димитриевски.
– Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат – рече Миошоски.