МОРНИЧАВИ СЦЕНИ ВО ЈАПОНИЈА „Бродови-духови“ испливаа од морето по 80 години (ВИДЕО)

Бродовите биле заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на островот. Тие биле искористени како еден вид брана која ги штитела американските бродови и војници и опрема од високите бранови. Денес островот нема жители, но има јапонски вооружени сили кои дошле таму откако Американците му го вратиле островот на Токио во 1968 година.

949

Дури 24 бродови-духови кои беа потонати за време на битката за Иво Џима, напуштен остров на кој се судрија Американците и Јапонците во последните месеци од Втората светска војна, испливаа од морското дно на брегот на Иво Џима, пишува Блиц. Тие испливале поради активноста на блискиот вулкан Сурибахи, кој веќе еднаш еруптираше во 1982 година.

Видете како изгледаат сеништата од војната.






Бродовите биле заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на островот. Тие биле искористени како еден вид брана која ги штитела американските бродови и војници и опрема од високите бранови. Денес островот нема жители, но има јапонски вооружени сили кои дошле таму откако Американците му го вратиле островот на Токио во 1968 година, пренесува „Јутарњи лист“.

– Се чини дека вулканската активност сè уште не е завршена. Постои можност за голема ерупција на Иво Џима – изјави Сес Накада, директор на Државниот центар за вулкански истражувања, за вестите на Ал Нипон.

Вулканската активност е толку голема што самиот остров се зголемил за најмалку 10 метри од 1952 година поради ерупции и сеизмички поместувања, вели истражувањето на Универзитетот во Орегон.

Во битката за Иво Џима, која траеше од 19 февруари до 26 март 1945 година, загинаа повеќе од 7.000 американски војници и околу 18.000 Јапонци (само 216 Јапонци беа заробени), а заврши со американското освојување на островот.

Поврзани содржини