ПОТЕГОТ НА ЏОНИ ДЕП РАСПЛАКА ДЕВОЈКА ВО БЕЛГРАД „Каде е таа? Нека дојде“
Холивудскиот актер во Белград престојува само 24 часа, а бројните обожавателите го следат во чекор.
Обожавателите го пречекаа холивудскиот актер Џони Деп во центарот на Белград, а неговата средба со обожавателка особено го привлече вниманието.
Кога Деп пристигнал пред ресторанот, му пришла една жена и го замолила за автограм за нејзината ќерка.
– Ве молам, за мојата ќерка, таа е тука – му рекла жената на актерот, пренесува српски „Блиц“.
„Каде е таа? Нека дојде“, ѝ рекол Деп после што девојката му пришла.
Актерот ја прашал за нејзиното име, на што таа одговори дека се вика Нина и почнала да плаче од среќа. Деп се фотографирал со девојката, ѝ дал автограм и ја прегрнал. Девојката не престанала да плаче од возбуда, а нејзината мајка се обидувала да ја смири.
Актерот разменил уште неколку зборови со девојката, ги поздравил фановите и се упатил на вечера.