ПОГЛЕДАЈТЕ КАКО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКАЧИ НА 3 МЕСТО ПО СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 Видео графички приказ на топ 20 земји (ВИДЕО)

Според графиконот, земјава на ранг-листата за прв пат се појавува на 2 јули лани со околу 150 починати на милион жители.

1,285

Видео во кое преку анимиран графички приказ се покажува како од почеток на коронакризата се зголемува бројот на смртни случаи во 20 земји во светот најпогодени со коронавирусот е објавена на Animated Stats. На табелата се прикажани кумулативно потврдени смртни случаи на милион жители.

Меѓу земјите најтешко погодени од ковид-19 е и земјава. Податоците се јануари лани кога почна пандемијата во Кина па до средината на октомври годинава.






Според анимираниот графиконот, земјава на ранг-листата за прв пат се појавува на 2 јули лани со околу 150 починати на милион жители. Во декември лани земјава со 1.000 смртни случаи на милион жители се искачила на третото место.  Анимацијата е  до 14 октомври, кога земјава повторно се искачи на 3 место во светот по смртност од ковид-19 на милион жители.

Перу е на прво место со скоро 6.000 смртни случаи на милион жители.

 

Поврзани содржини