ПЕТ ЛИЦА СЕ УБИЕНИ И ДВЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ ВО НОРВЕШКА Напаѓачот е Данец кој е уапсен

Инцидентот се случи вчера во 6.30 часот наутро по локално време, а полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.

709

Бројот на жртви во вчерашниот напад со лак и стрела во Норвешка достигна пет лица, а уште двајца се повредени. Дански државјанин (37) е осомничен за убиството на петте лица, јавија локалните медиуми.

Маж со лак и стрела изврши напад во градот Конгсберг, каде живеат околу 28.000 жители, а се наоѓа југозападно од Осло.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел и некое друго оружје.

Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.

Полицијата истражува дали користел некое друго оружје. Се верува дека напаѓачот дејствувал сам. Нападот се случи во 18.30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека спроведува истрага за да утврди дали нападот има врска со тероризам.

По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската управа соопшти дека станува збор за мерка на претпазливост и „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.

Нападот се случува 10 години по најтешкиот терористички напад во земјата, кога 77 луѓе беа убиени од ултрадесничарски екстремист. На 22 јули 2011 година, Андерс Беринг Брејвик активираше автомобил-бомба во Осло, убивајќи осум луѓе, пред да замине на островот Утоја, каде што отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.

Поврзани содржини