БИТОЛЧАНКИ ГО ГРАБНАА ФИЛИПЧЕ На митингот на Кондовски му бараа кадро за спомен ФОТО
Сигурен сум дека она што во следните четири години ќе биде направено, нема да се спореди со ништо што е направено досега - рече Филипче.
Јас верувам дека со Христо Кондовски овој град во следните четири години ќе доживее инфраструктурен бум, порача потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче од вечерашната трибина во Битола.
– Јас силно верувам дека и Христо и неговиот тим имаат и знаење и искуство да го насочат буџетот на градот кон развој на инфраструктурата. Свесен сум дека тоа е најголемиот проблем, а силно верувам дека Христо и неговиот тим тоа може да го реализираат. Понатаму, со добро менаџирање и развој, но истовремено и со силна поддршка од централната власт, во Битола ќе се отворат и многу нови работни места, и компаниите ќе имаат силна поддршка и од општината. На Битола и треба економски развој, ова е втората област во која исто така ќе се инвестира. Сигурен сум дека она што во следните четири години ќе биде направено, нема да се спореди со ништо што е направено досега – рече Филипче.
По завршување на митингот некои од присутните побараа да се сликаат со министерот Филипче.