ВИКТОРИЈА БЕКАМ ПРЕДИЗВИКА ЖЕСТОКА ДЕБАТА Сите прашуваат што ѝ се случило?! (ФОТО+ВИДЕО)

Дизајнерката неодамна гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ и се одлучи за парчиња облека од нејзината колекција, но изборот на бои се чини дека за многумина беше дискутабилен.

820

Гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ и со својот изглед и моден избор беше предмет на дискусии на социјалните мрежи.

Модната дизајнерка Викторија Бекам важи за личност со стил, но судејќи според критиките што ги доби од Твитер, и оваа модна икона може да направи „грешка“. Имено, таа неодамна гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ и се одлучи за парчиња облека од нејзината колекција, но изборот на бои се чини дека за многумина беше дискутабилен.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Жолтите сомотски панталони ги споила со црвен џемпер со црни ракави, а од додатоци носела зелена чанта.

Интензивните бои доминирале во студиото, а на социјалните мрежи, нејзиниот стајлинг го споредоли со маскотата на „Мекдоналдс“ – кловнот.

 

Коментирањето не застанало тука, бидејќи многумина забележале дека „прави нешто со усните и образите“ и се прашувале „што се случило со лицето на Викторија Бекам“.

Пејачката и дизајнерка во емисијата зборувала и за нејзиниот 22-годишен брак со Дејвид Бекам.

– Тој е неверојатен татко и прекрасен сопруг. Многу се забавуваме и се поддржуваме еден со друг во сѐ што правиме. Се работи за забава и уживање во друштвото на таа личност. Навистина сакам да сум со него, што е добро после сите овие години – рекла Викторија.

Таа зборувала и за децата, како и за линијата за убавина и обединувањето на „Спајс грлс“: „Уживав да работам на сцена, да играм и да пеам, но тоа време е зад мене“, истакнала таа.

Поврзани содржини