ОД ТЕБЕ НЕ БАРАМ НИШТО, САМО ДА УЧИШ! Ако си одиш од дома, црно ти се пишува
Родителските црни сценарија кои во суштина се плашат од синдромот на „напуштено гнездо“, психолошката матрица со која се воспитувани младите во Македонија, но и економската немоќ, се причините што поголем дел од нив долго живеат под родителскиот покрив.
Додека во Америка и во поголемиот дел од европските земји младите си одат од родителскиот дом уште со 18, 19, 20 години, на пример, во Данска, Финска, Холандија, Шведска, во други, како Малта, Хрватска, Словачка, Италија, Грција, Шпанија, Португалија, Бугарија, младите ги напуштаат домовите на своите родители релативно доцна – на возраст од 31-32 години.
Македонија, според статистичарите од Евростат, е во втората група земји, па околу 74 отсто од младите на возраст од 18 до 34 години, сѐ уште живеат со родителите. Ова ги сместува меѓу најнесамостојните во Европа.
Најчесто, единствена причина заради која младите во Македонија се одделуваат од своите родители е за да заминат во странство, а оние од внатрешноста на земјата – во странство или во Скопје. Обично, за младите од помалите градови се мисли дека се посамостојни заради самиот факт што го напуштиле родителскиот дом најчесто веднаш после средното училиште за да се запишат на факултет, но за волја на вистината, ова баш и не е нешто што би можело да се подведе под поимот самостојност. Имено, обично парите за кирии и пакетите со храна за цело време на студирањето пристигаат од родителите во родниот град. А кога родителите ти го плаќаат станот и ти ги подмируваат трошоците за живот, не може да се зборува за самостојност во вистинската смисла на зборот.
Одговорот за тоа зошто кај нас младите се толку долго под закрила на родителите обично се бара во економската (не)моќ на младите, односно во вкупната општествено-економска криза. Меѓутоа, тоа е само еден од изговорите за одржувањето на оваа појава која во Македонија има длабоки корени па податоците од Евростат, според кои младите од Македонија се меѓу најнесамостојните во Европа, всушност ги потврдуваат традиционалните навики.
Својот став за тоа зошто голем број од младите во Македонија не живеат самостојно, побаравме и од неколку психолози.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash